ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

СПЛИТ 10.03. - 14.03.2022


1 ден 10.03.2022 Поаѓање во 18.00 часот со туристички автобус, преку Албанија, Црна Гора за Хрватска, ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 11.03.2022 Утрото пристигнување во Ц. Гора: Св. Стефан, Будва па преку Тиват со траект се преминува Бока - которскиот залив, па Херцег Нови, се оди према Дубровник- Хрватска.Предпладне пристигнување во Сплит, разгледување на Сплит со локален водич: Диоклецијановата Палата, Катедралата на Свети Дује, плоштадот, Променадата - Рива... Сместување во хотел.Слободно попладне во центарот на Сплит. Ноќевање.

3 ден 12.03.2022 Појадок. Целодневен факултативен излет до: Трогир каде ќе се видат: Катедралата Свети Ловре, палатата Чипико, тврдината Камерленго, кулата св. Марко... Шибеник при што ќе се видат: Катедралата св. Јаков - која е под заштита на УНЕСКО а на 10 км. се најдува Националниот парк *Крка* со познатите слапови на реката Крка и нивна посета. Враќање во Сплит.Слободна вечер за посета на некој ресторан,бар... Ноќевање.

4 ден 13.03.2022 Појадок.Поаѓање за Дубровник преку Гусарскиот град Омиш, па посета на Макарска - прошетка по шеталиштето-Рива и, долж Ривиерата поминувајќи покрај убави летувалишта:Башка вода, Подгора,па преку Неум(БиХ), пристигнување во Дубровник, разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата и прошетка во стариот дел на Дубровник. Потоа се оди преку Црна Гора со попатна пауза во Будва, па преку Албанија, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 14.03.2022 Пристигнување во Македонија во утринските часови.

         

      Цена: 6900 денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:                                 

- превоз со туристички автобус

- сместување во хотел со 3* на база 2 н/п

- разгледување на Сплит со локален водич

- попатни посети на Макарска и Дубровник

- организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е пресметано:

- патничко и здравствено осигурување - без франшиза - 200 ден

- факултативен излет со локален водич: Трогир, Крка и Шибеник - 15 € + влез во Крка-10 €

- влезници за културно - историските споменици


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе