ВЕЛИГДЕН

назад до:"ВЕЛИГДЕН "

САРАЕВО - МОСТАР - ТРЕБИЊЕ


Организирани ТРАНСФЕРИ – без надомест од Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово

21.04.2022 Прв ден: БИТОЛА /СКОПЈЕ – Состанок на групата на градската автобуска станица во 16:00 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 16:30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак… Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

22.04.2022  Втор ден: САРАЕВО – Пристигнување во Вишеград во раните утрински часови. Можност за Крстарење по Дрина (препорака ). Крстарењето започнува од Мостот на Дрина и завршува на Камен Град. Пауза за кафе и разглед на Камен Град – изграден од Емил Костурица. Потоа заминување за Сараево .  Пристигнување во Сараево во пладневните часови… Панорамски разглед на градот со стручен водич и пешачка тура – Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта… Слободно време за шопинг низ Баш Чаршија. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија или посета на ресторан со музика. Ноќевање.

23.04.2022  Трет ден : САРАЕВО – ВИСОКО  Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на Босанските Пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистеријата на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида. Повеќе од 10 години Босанските Пирамиди ги посетија милиони туристи. Ова е вашата шанса да ги посетите и да ја почувствувате енергијата на најстарите пирамиди во светот. Денес редовен посетител е Новак Ѓоковиќ. Потоа заминување за Сараево и посета на Тунелот на Спасот . Враќање во хотелот . Слободно време или факултативна посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.

24.04.2022  Четврт ден: КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР  Појадок. По појадокот заминување за Јабланица. Посета на Мостот на Неретва и Музејот на ранетите во Јабланица. Потоа заминување за Титовиот Бункер. Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити југословенскиот претседател, како и 300 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад… АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава… Патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина… Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

25.04.2022  Петти ден – ТРЕБИЊЕ – МАКЕДОНИЈА  Појадок. Разглед на старата Катедрала во Мостар, Камениот Мост, старата чаршија, Камениот мост (16 век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија. Потоа Заминување за Требиње – градот на сонцето… слободно време за индивидуален разглед на градот… Поаѓање за Македонија во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    6900 ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Автобуски превоз на горенаведената релација,
- Панорамски разглед и пешачка тура во Сараево и Мостар со локален водич
- Организација и водство на групата со лиценциран водич
- Разглед на Сараево со стручен водич, 2 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 3 или 4** и една ноќ во Мостар НП  во хотел со  4* (вклучена спа)
- Организирани ТРАНСФЕРИ – без надомест од Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици…
- Посета на Пирамидите 30 евра
- Влезници и водичи за посета на Титовиот Бункер и Музејот на Неретва 25 евра
- Крстарење по Дрина 5 евра
- Патничкото осигурување (160,00 ден. по лице),
- Вечера во национален ресторан ИЛИ ХОТЕЛОТ 20 евра 
* Туристичка такса  3 евра се плаќа во агенција !
НАПОМЕНА !!!  За влез во БиХ е потребен негативен ПЦР тест или Сертификат за примени 2 вакцини. Тестот за Македонија чини 12 евра истиот ќе биде направен во хотелот


назад до:"ВЕЛИГДЕН "

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе