Кампови

назад до:"Кампови"

АВТОКАМП ГРАДИШТЕ - ОХРИД


Авто Кампот „Градиште се простира на околу 90 000 м2 на брегот на Охридското езеро.
Бунгаловите се опремени со 3 единечни кревети, бања, фрижидери, решоа, маси со столови, постелнина и сл.
Камп приколките се опремени со 4 легла (брачни и единечни), фрижидери, решоа, маси со столови или клупи, постелнина и сл.
А.К. „Градиште“ располага и со 100 слободни локации за поставување на шатори и камп приколки. Паркингот ви е обезбеден на лице место.
Кампот располага со неколку стотини локации кои се издаваат по пат на годишни договори за закуп.

Во склоп на кампот се наоѓаат рецепција, 2 маркети, 3 санитарни чвора, три плажи послани со лежалки, педалинки и други водени и реквизити за на плажа, дискотека позната по забавата и бројните концерти како и ресторант на самата плажа.

Приколките се наоѓаат во новиот дел на кампот Градиште, од страната на Островот на коските. Приколките се модел АДРИА, четворокреветни,  со поплочен двор од 20м2. Опремени се со шпорет, фрижидер, надворешна маса, две клупи, перници и ќебиња. Постелнината, опремата за готвење и приборот за јадење си ја носи корисникот на приколката. Приколките имат природна сенка и дополнително се покриени со лимена настрешница. На секои 4 приколки има чешма.

 

Период на наем

месец Мај/Јуни

01.07 - 11.07

11.07 - 21.07

21.07 - 10.08

10.08 - 20.08

20.08 - понатаму

Цена на дневен наем на 1/4 приколка

550,00

650,00

900,00

1.200,00

900,00

650,00

 

 

  • Цените се за наем на приколка на дневна основа, во зависност од сезоната во која се користи.
  • Туристичка такса се плаќа на лице место на рецепцијата на кампот.

назад до:"Кампови"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе