ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

СОЛУН - ПАРАЛИЈА - МЕТЕОРИ


1 ден 05.03.2022 (сабота)       Битола – Солун – Паралија
Состанок на групата на паркингот Спортска сала во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч.  Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј…Слободно време за шопинг по најпознатите шопинг улици, Тсимиски и Егнатиа, или посета на шопинг центар “One Salonica“. Патувањето продолжува кон Паралиа, пристигнување  во вечерните часови. Сместување во хотел во Паралија. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и музика или на плоштад Ноќевање 1.

2 ден 06.03.2022  (недела)         МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метеори ја пронаоѓале својата цел.  Во попладневните часови заминување кон Битола  Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 49 € (3,038,oo мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автбус на наведената релација
– Сместување во хотел со *** , 1 ноќевање со појадок
–  Организирани разгледи на Солун и Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Влезници за културно историски знаменитости
– Свечена вечера во таверна  15€
– Патничко осигурување

Трансфер од Струга, Охрид и Ресен - доплата 10 еур

НАПОМЕНИ: 
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– Организатор на патувањето е T.A. Ариес

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
– Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
– Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
– Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (PLF формулар) на веб страницата  https://travel.gov.gr/#/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
– За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе