ВИЗИ

назад до:"ВИЗИ"

ВИЗА ЗА КАНАДА


Канада ги дефинира посетителите како луѓе кои сакаат да влезат во Канада со привремена причина, како туристи, привремени странски работници и интернационални студенти. Сите посетители на канада мора да аплицираат и да добијат туристичка виза од Имиграција Канада, освен ако тие не се граѓани на земјите кои се ослободени од виза. Освен тоа, посетителите не треба да имаат криминално досие или да наметнуваат ризик по безбедноста, треба да бидат со добро здравје и треба да имаат доволно средства да се издржаваат самите себе при нивниот престој во Канада.

Туристичка виза е документ издаден од Државјанство и Имиграција и Канада кој покажува дека странскиот поединец ги задоволил барањата за прием како посетител. Поседувањето на важечка туристичка виза не значи дека службеникот на Имиграција Канада на пристаништето на влез ќе му допушти на посетителот да влезе во Канада. Сите посетители мора секогаш да го задоволат службеникот за виза на пристаништето на влез дека целта на нивната посета на Канада има привремена природа.

Туристичките визи можат да бидат за еден влез за повеќекратен влез, или за целите на транзит. Ако е потребно, за туристичката виза мора да се аплицира и да се добие од Виза службата на Имиграција Канада надвор од Канада. Само за продолжување на туристичката виза може да се аплицира во Канада.  Како општо правило, на туристите им се дава виза за период од шест месеци. Привремените странски работници и меѓународни студенти добиваат виза за различни периоди на време како што е одредено од случај до случај.

Туристичките визи за еден влез овозможуваат влез во Канада само еднаш. Меѓутоа, Имиграција канада им дозволува на носителите на туристички визи за еден влез да ја напуштат и повторно да влезат во канада за време на важноста на нивниот туристички статус ако таквото патување е и од САД или Ст. Пјер и Микелон.

Туристичките визи за повеќекратен влез овозможуваат влез во Канада од било која земја повеќе пати. Овие влезови можат да бидат во време пред истекот на турустичкиот статус.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ТУРИСТИЧКА ВИЗА ЗА КАНАДА:

ОД КАНАДА

  • ГАРАНЦИЈА (STATUTORS DECLARATION)
  • КОПИЈА ОД ПАТНА КАНАДСКА ИСПРАВА ИЛИ ДРУГ ДОКУМЕНТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
  • ПОТВРДИ ОД ПЛАТА И ОД БАНКА
  • ПОКАНА т.е ПОВОД НА ПАТУВАЊЕ (ПОКАНА СО ЗАКАЖАН ТЕРМИН ВО ЦРКВА)ОД МАКЕДОНИЈА
    • ДОКАЗ ЗА КРВНО СРОДСТВО (ИЗВОДИ НА РОДЕНИ)од гарантерот и апликантот
    • ОРГИНАЛ ВЕНЧАНИЦА НЕ ПОСТАРА ОД 1 МЕСЕЦ
    • ИЗВОДИ НА РОДЕНИ ОД ДЕЦА ИЛИ ВЕНЧАНИЦИ ДОКОЛКУ СЕ ВО БРАК можи и постари
    • ИЗЈАВА ЗА СЕМЕЈНО МАТРИЈАЛНО (Колку членови живеат заедно)- во агенција и зав. На нотар
    • ПОСЕДОВЕН ЛИСТ, ДОГОВОР ЗА СТАН ,РЕШНИЕ ЗА ДАНОК ИЛИ БИЛО КАКОВ ДРУГ ОСТАНАТ ДОКУМЕНТ ШТО ПОТВРДУВА ИМОТНА СОСТОЈБА.
    • ПОТВРДА ЗА БИЛО КАКВА ЗАШТЕДА НА ПАРИ ВО БАНКА
    • ПОТВРДА ЗА РЕДОВЕН РАБОТЕН ОДНОС СО РЕШЕНИЕ ЗА ОДМОР И ПЛАТА
    • ПОТВРДА ЗА РАБОТЕН ОДНОС ЗА БРАЧНИОТ ДРУГАР СО ПЛАТА
    • ПАТНА ИСПРАВА (ДА НЕ БИДЕ РОКОТ НА ВАЖНОСТ ПОКРАТОК ОД 6 МЕСЕЦИ)
    • ЧЕТИРИ ФОТОГРАФИИ НЕ ПОСТАРИ ОД 1 ГОД. ПАСОШКИ ФОРМАТ
    • ВОЕНА КНИШКА-оргинал
    • ДЕВИЗНА УПЛАТА ОД 75 канадски долари на Баков Чек во Комерцијална Банка
    • ПОТВРДА ЗА НЕОСУДУВАН ОД СУД НЕ ПОСТАРО ОД 4 НЕДЕЛИ (од 15 до 65 год)
    • ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е ПЕНЗИОНЕР ЧЕК ОД ПЕНЗИЈА НЕ ПОСТАР ОД 2 МЕСЕЦИ
    • ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е СТУДЕНТ ИЛИ УЧЕНИК ПОТВРДА ОД ШКОЛО И ИНДЕКС
    • ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е СОПСТВЕНИК НА ФИРМА КОПИЈА НА РЕГИСТРАЦИЈАТА И ДАНОЧНАТА КАРТИЦА
    • Податоци од родители,брајќа и сестри (датуми на раѓање и починати доколку има и каде живеат)


    КОНТАКТ СО АМБАСАДАТА: Документацијата се праќа во Виена, Австрија по пошта


    ПРОСЕЧНО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА: ОКОЛУ ТРИ НЕДЕЛИ

назад до:"ВИЗИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе