Почетна

назад до:"Почетна"

11ти ОКТОМВРИ - РИМ, НЕАПОЛ, ТИВОЛИ


 

1 ДЕН (09.10.2019-среда) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 14.00 часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан...денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч - сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот.

2 ДЕН (10.10.2019 – четврток) : БАРИ – НЕАПОЛ - РИМ Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови... панорамски разглед на градот со локален водич, со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Кастело Нуово, Театарот Сан Карло, палатата Реале, црквата Сан Франческо, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Да Матео...слободно време. Состанок на групата на претходно договореното место во 17.30 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (11.10.2019-петок) : РИМ Појадок. По појадокот - разглед на градот со стручен водич...базиликaта „Сан Џовани Латерано“, базиликата Сан Клементе (посета на гробот на Св.Кирил), Колосеумот, Рисмскиот Форум (стариот град), Кампидолио, како и плоштадите Пјаца Венеција, Фонтана Ди Треви и Шпанските скали. Слободно време за шопинг, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел...Ноќевање.

4 ДЕН (12.10.2019-сабота) : РИМ Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан:
(се патува со локален превоз, метро од хотел до најблиската метро станица за Ватикан) Ватиканските музеи и Систинската капела – ремек делото на Микеланџело, базиликата „Св.Петар“, Адриановата палата, Пантеонот (Храмот на сите богови), Пјаца Навона. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во договорено време. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ДЕН (13.10.2019-недела) : РИМ – ТИВОЛИ - БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани...патувањето продолжува кон Бари...пристигнување во Бари во попладневните часови...посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино...трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч...ноќна пловидба.

6 ДЕН (14.10.2019-понеделник) : ДРАЧ - БИТОЛА Пристигнување во Драч околу 8.00 часот...продолжување на патот кон Битола и пристигнување во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :      
279 евра / 17.298 денари по лице во двокреветна соба

 

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
посета на Неапол,
3 НП( италијански доручек, кроасан и кафе) во Рим во хотел со 3*,
разглед на Рим со стручен водич,
бродски превоз (дек-седишта) на релација  Драч – Бари (доплата за кабина – 15 € по лице во правец, резервација во агенцијата),
посета на Тиволи,
посета на Бари,
организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети,
влезниците при посета на културно-историските споменици,
патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА - 200,00 ден. по лице,
билети за јавен превоз (доколку е потребно – 1,5 € за еден правец).
Туристичка такса 3-4 евра по лице  по ноќ 



ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 40 € по лице за (влезница + водич + слушалки)(препорака), влезница за Тиволи – 15 € по лице препорака. 

 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе