ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН"

МИЛАНО


 Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет...во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет...во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

06 март                  СКОПЈЕ – МИЛАНО       

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 10.20 часот. Авионот за Милано полетува во 12.20, слетува во 14.25 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Слободно време за запознавање на елитниот град, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Ноќевање.

 

07 март                  МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.

 

08 март                  МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО         

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува во посета на  живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своите најдобри филмски остварувања, како што е Џејмс Бонд - Казино Ројал. Враќање во Милано. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура... Ноќевање.

 

09 март                  МИЛАНО – СКОПЈЕ                                                                    

Појадок. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 15.00, а пристигнувањето во Скопје е во 17.05 часот.

 

 

За уплата до 20.12:               199   (12.340 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:         249€   (15.440 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • Сместување во IBIS MILANO CA’ GRANDA 3 * во Милано на база 3 ноќевања со појадок
  • Трокреветните соби ќе бидат сместени во хотел NOVOTEL MILANO CA’ GRANDA 4*
  • Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.300 денари
  • Доплата за кабински багаж до 10 кг - 2.100 мкд / чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.300 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Посета на Лугано и Комо 55 евра
  • Туристичка такса 930 мкд -  (се плаќа во агенција )
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за двокреветна соба но хотел NOVOTEL MILANO CA’ GRANDA 4* - 2.100 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд за хотел во IBIS MILANO CA’ GRANDA 3*

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.  

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  

За овој програм важат Опшите Услови на патување на  Магелан Травел Сервис.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.    


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе