Хотели
ХОТЕЛ ГРАНИТ - ОХРИД
Хотел Гранит е лоциран на крајбрежјето на Охридското езеро, во месноста Св.Стефан, 5км од центарот на Охрид и 12км од аеродромот во Охрид Хотел Гранит е модерен хотел со четири ѕвезди. Располага со резиденција, ресторан, кафе-бар, големи тераси и сопствена песочна плажа.
Сместување
Сместувачкиот капацитет е 1 претседателски и 1 резидент апартман, 22 апартмани, 9 еднокреветни и 86 двокреветни соби. Сите соби имаат директна телефонска линија, сателитска и кабелска телевизија,бежичен Wi-Fi интернет пристап и мини бар. Исто така располага со соби кои се целосно прилагодени за лица со посебни потреби.Двокреветна соба.Апартман за лица со хендикеп.Тоалет во апартманот за лица со хендикеп
Ресторан и храна
Со прекрасниот амбиент, одличен ентериер и капацитет од 300 гости, ресторанот на Хотел Гранит нуди високо ниво на угостителски услуги од националната и интернационалната кујна.
Детска забава
Во склоп на рекреативниот базен е и детскиот базен, каде децата ги поминуваат најубавите мигови на одмор и забава
Тераса и летна бавча
Во прилог на нашиот хотел се наоѓа новоотворениот базен и тераса,каде деновите можете да ги поминете во сончање или да се одморите во текот на топлите летни вечери
Плажа и базен
Песочната плажа на хотелот е идеално место за одмор и релаксација.Базенот кој е во комплексот на хотел Гранит претставува вистинско место за релаксација и одмор. Неговата длабочина од 1,4м е идеална за оние кои сакаат да пливаат или едноставно да се одморат и освежат. Уживањето ќе ви биде збогатено со водената масажа во базенот.
Спорт и рекреација
Дел од слободното време можете да го искористите во фитнес клубот,салата за пинг-понг,терените за тенис и кошарка или да се релаксирате со професионална масажа.
Новости
12.05.2017
НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА
Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.
повеќе05.11.2016
КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?
Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.
повеќе12.05.2016
10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа
Што точно ви носи летувањето на море?
повеќе