ВИЗИ

назад до:"ВИЗИ"

ВИЗА ЗА САД


Визи за Соединетите Американски Држави

(материјал користен од офцијалната веб страница на Стејт департмент за Македонија)

Услуги за неимигрантска виза - само со закажување на интервју.

Интервјуата се реализираат во претпладневните часови секој понеделник, среда и петок. Македонските државјани треба да имаат неимигрантска виза за да влезат во Соединетите Американски Држави. За да се квалификувате за неимигрантска виза вие треба да му докажете на конзулот дека имате живеалиште кое немате намера да го напуштите и дека имате намера да влезете во САД само за одредено време и ќе извршувате активности само за таа цел за која ви е издадена визата.

Овие фактори обично се утврдуваат врз основа на прикажување на добро и долготрајно вработување, сериозен бизнис или други цврсти семејни врски или социјални и културолошки активности кои ќе укажат на цврсти причини за вашето враќање во местото на живеење.

Како да се поднесе молба за неимигрантска виза?

Како да се поднесе молба за неимигрантска виза

 Амбасадата на САД во Македонија најавува промени во процесот на аплицирање и на закажување интервју за неимигрантски визи. Почнувајќи од 3 декември 2012, апликантите повеќе нема да треба да купуваат ПИН број како дел од процесот на аплицирање. Но, апликантите и понатаму ќе треба да платат за административната таксата за виза (позната и како “МРВ” такса), но сега, нудиме попрактични можности за плаќање на таксата. Исто така, ќе понудиме ппвеќе погодни локации во Македпнија каде апликантите ќе можат да ги подигнат своите визи. Почнувајќи од 3 декември 2012, Амбасадата на САД ќе ги обезбедува следните услуги за добивање на инфпрмации околу визите, за закажување и за плаќање на административната такса за виза:

- Комплетни информации за УСА визи, плаќањето на МРВ такса и закажување на термин за интервју ќе може да се направат на три начини:

  • Онлајн, на новата интернет страница: http://usvisa-info.com
  • Телефпнски, на бројот (+389) 2 317 1042 во Македонија, или (703) 439-2346 во САД. USA Visa
  • Преку Skype на usvisamacedonia

- МРВ таксата (административна такса за виза) може да се плати онлајн или телефонски, со Мастеркард или сo Виза кредитна картичка. Истo така, мoже да се плати и личнo во Македонија вo секoја филијала на Кoмерцијална банка во денари или во Косово во било која Raiffeisen Bank во евра. Апликантите кoи сакаат да платат вo банка мoра првo да се лoгираат на http://usvisa-info.com за да гo oтпечатат ливчетo за депoзит.

- Пoпрактична испoрака на визи: апликантите од Македонија сега ќе мoжат да ги пoдигнат свoите визи на разни лoкации ширум Македoнија. За oваа услуга не се предвидени дoпoлнителни трoшoци. Апликантите од Косово сеуште ке може да ги подигнат своите визи во амабасадата на САД.

За запoчнување на процесот на аплицирање за неимигрантска виза за САД, апликантите треба да одан на http://usvisa-info.com или да го контактираат нашиот информативен сервис за визи на броевите дадени погоре.

Во почетниот перипд, телефпнскиот сервис за информации ќе биде достапен со продолжено работно време од 07:00 до 21:00 часот по локално време, секој ден од понеделник до петок. По 60 дена од воведувањето на промените, ќе продолжиме со редовното работно време.

Ве молиме имајте предвид дека пред да закажете термин, треба да ја имате пополнето онлајн апликацијата за виза и да ја имате платено административната такса за виза.

Наша цел е апликантите, кои веќе почнале со процесот на закажување да не бидат оштетени со новите измени. Тоа значи дека, ако сте ја платиле административната МРВ такса за УСА виза пред 3 декември 2012, но немате закажано термин за интервју, ве молиме да пратите е-маил на consularskopje@state.gov.

На закажаниот термин

  • Понесете ја испечатената писмена потврда од формуларот ДС-160.

ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: Ве молиме пополнете ги СИТЕ барани информации на формуларот за апликација ДС-160. Жените во брак мора да го внесат нивното моминско презиме во прашањето во врска со псевдоними или претходни имиња. Прашањата во врска со МЕСЕЧНИТЕ ПРИМАНЊА, Е-МЕЈЛ АДРЕСАТА, ПРЕЗИМЕ И ИМЕ НА ТАТКО И МАЈКА, ДАТУМ НА РАЃАЊЕ НА ТАТКО И МАЈКА итн, мора да бидат одговорени.

Амбасадата на САД им препорачува НА СИТЕ ВОЗРАСНИ АПЛИКАНТИ лично да го пополнат формуларот ДС-160. Ако вашата апликација биде пополнета од страна на ваш соработник, пријател, агенција, или друго лице, тоа лице мора да побара лично од вас да одговорите на секоја од прашањата, вклучувајќи ги и безбедносните прашања кои се однесуваат на вас. Подносителот на апликацијата е СЕКОГАШ одговорен за дадените точни и вистинити одговори на секој дел од ДС-160 апликацијата.

Апликантите кои ќе поднесат апликација со нецелосни или неточни информации, ќе мора да ја поправат нивната апликација, а можно е дури и да поднесат нова апликација, процес кој ќе доведе до одложување на издавањето на визата.

  • Понесете една фотографија со формат 5 на 5 цм.
  • Понесете документи кои ќе ја подржуваат Вашата причина за патување и ќе ја потврдат Вашата професионална, финансиска и семејна поврзаност со Вашата матична земја, како на пример Вашиот статус на ученик или студент, Вашиот работен однос, финансиските извори, и др.

За информации за закажување итен термин за неимигрантска виза, Ве молиме кликнете тука. (пдф 218кб)

Инструкции за ДС 160 формулар за аплицирање за виза за САД. (пдф 1.28мб)

USA VisaСлужба за неимигрантски визи

Административна такса за виза и реципрочни такси

ВАЖНО: Почнувајќи од 4 јуни 2010 административните такси за неимигрантска виза ќе имаат скалеста структура, т.е. ќе има различни такси за различни типови на визи.
Ако апликантот ја платил административната такса за виза од 131 долар пред 4 јуни 2010г. разликата во цена ќе ја плати во американската амбасада во Скопје кога ќе дојде на закажаното интервју, ако интервјуто е на или после 4 јуни 2010г.

Ве молиме кликнете тука за да ги разгледате административните такси според различни типови на виза.

Административна такса

Апликантите за неимигрантска виза мораат да платат административна такса во изноз од 140 американски долари, во денарска противвредност, пред поднесување на молбата за виза. Разликата во таксите за одредени виза категории се уплаќа во конзуларното одделение за време на интервјуто и плаќањето е во готовина во американски долари или противвредност во денари.  Административната такса се плаќа во Комерцијална Банка на теритотијата на Република Македонија или во Раифаисен Банка во Косово. Македонските граѓани можат исто така да ја платат таксата во Стопанска Банка доколку нема Комерцијална Банка во местото на живеење. Кога апликантите ќе дојдат во амбасадата за интевју, мора да ја приложат оригиналната уплатница (два обрасци од Комеријална Банка или еден образец од Раифаисен Банка или Стопанска Банка) со што ќе ја докажат уплатата која е задолжителна и средствата не се повратни под никакви околности. Ако барањето за виза е одбиено или ако постапката за виза се прекине од Ваша страна, yплатените средствата нема да бидат вратени. Ако по грешка се уплатени две такси, средствата нема да бидат вратени.

Само апликантите за дипломатски визи (А, Г, Ц-3 и НАТО), носителите на дипломатски или службени пасоши и посетители на размена спонзорирани од Секторот за односи со јавноста при Стејт Департментот се ослободени од плаќање на оваа административна такса.

Реципрочни такси

Во некои случаеви, можеби ќе треба да платите “реципрочна такса” откако ќе се одобри визата, но пред да се издаде истата.  Реципрочните такси се разликуваат зависно од видот на визата и државјанството на апликантот.  Оваа такса се базира на таксите кои ги плаќаат американските државјани за слични визи при посета на други држави. Државјаните на Македонија и Косово не треба да плаќаат никаква реципрочна такса.

Ве молиме посетете ја веб страната за реципрочна такса да дознаете дали за вашата апликација ќе се бара реципрочна такса.

За време на интервјуто: Ако вашата виза се издаде, реципрочната такса ќе ја платите директно на благајната во конзуларното одделение во готовина, во американски долари или противвредност во денари. 

Служба за неимигрантски визи

П: Зошто Стејт Департментот ја зголемува основната административна такса за неимигрантска виза од 131 долар на 140 долари?

О: Стејт Департментот е обврзан со закон да го поврати трошокот за процесирање на неимигрантски визи преку наплаќање на  административна такса. Периодично, независни фирми вршат студија за цената на услугата за да ги утврди директните и индиректните трошоци на американската влада за давање на конзуларни услуги, како што е процесирањето на неимигрантски визи.  Ваква студија беше направена во јуни 2009 год. користејќи стандарден модел за проценка на трошоците на владините услуги.  Со студијата се потврди дека трошоците за поднесување, процесирање и издавање на неимигрантски визи ќе бидат поголеми од 131 долар во фискалната 2010 год. која започна на 1 октомври 2009г. Исто така, од последното покачување на таксата во 2008г. има додатни трошоци поврзани со безбедноста, инсталирани се нови компјутерски системи и донесен е нов мандат од страна на Конгресот секој кандидат за неимигрантска виза да доплати по 1 долар за поддршка на програмата за борба против трговија со луѓе.

П: Кога ќе стапи на сила новата административна такса?

О:  Новите такси ќе стапат на сила од 4 јуни 2010г. што е 15 дена по објавувањето на привремената одлука.

П:  Што ако таксата веќе сум ја платил за интервју закажано после 4 јуни?

О: Апликантите мора да го платат целиот износ на таксата која е во сила на денот кога аплицираат за виза, без разлика кога ја платиле.  Сите апликанти ќе ја доплатат разликата во американската амбасада во Скопје кога ќе дојдат на интервју. Разликата НЕ треба да се плаќа во банка.

П: Дали може да коментирам во врска со таксите?

О: Со оваа одлука, Стејт Департментот објавува дополнителни податоци за услужните трошоци за неимигрантски визи и ќе прифаќа јавни коментари во наредните 60 дена (до 19 јули 2010г.) Потоа, Стејт Департментот ќе ги разгледа сите коментари добиени од јавноста и ќе ја објави конечната одлука.

П: Зошто Стејт Департментот воведува нови повисоки такси за одредени видови на неимигрантски визи кои претходно чинеа 131 долар.

О: Независна студија за трошоците во конзуларното работење покажува дека одредени категории на неимигрантски визи се покомплексни и бараат подетално разгледување за разлика од повеќето други категории на неимигрантски визи.  Трошоците за прифаќање, процесирање и издавање на следните категории на визи се значително повисоки од другите категории: Е (трговец или инвеститор); Х (привремен работник или практикант); К (вереник/вереница); Л (трансфер во рамки на иста компанија); О (апликант со исклучителни способности); П (спортист, уметник или естраден уметник); Q (посетители на меѓународна културна размена); и Р (верски работник).  За секоја од овие категории потребно е разгледување на обемна документација и подетално интервју на апликантите за разлика од другите категории, како што се туристите.

П: Дали со ова покачување на таксата луѓето ќе бидат обесхрабрени да патуваат во САД?

О: Предложените такси прецизно ги отсликуваат трошоците за процесирање и законите бараат целосен повраток на трошоците преку такси. Претходните покачувања на таксите за неимигрантска виза не се одразија негативно врз бројот на апликациите примени ширум светот.  Стејт Департментот е свесен дека ова покачување може да ги намали барањата за неимигрантски визи во некои држави.  Сепак, овој трошок  е мал во однос на цената на повратниот авионски билет од повеќето држави до САД.  Најмногу визи кои се издаваат ширум светот се туристички визи со валидност од 10 години, што значи дека носителот на визата може да бара влез во САД во било кое време во текот на тој десетгодишен период.

П: Дали други држави ќе одговорат со покачување на нивните такси за визи за американските државјани.

О: Додека некои држави може да ги покачат, очекуваме дека многу од нив нема, бидејќи по принципот на реципроцитет, ќе можеме да го компензираме покачувањето на таксите со истовремено редуцирање на реципрочните такси. За некои држави, комбинираната вкупна такса за неимигрантска виза и реципрочната такса за издавање на визи ќе остане иста.

П:  Како оваа административна такса за виза се разликува од реципрочната такса за издадена виза?

О: Административната такса за виза ја плаќаат сите кандидати за виза ширум светот, со одредени исклучоци, како на пример оние што се однесуваат на владини службеници.  Оваа такса мора да се плати однапред, без разлика дали ќе се издаде виза или не.  Реципрочната такса за издадена виза е додатна цена која ја плаќаат апликантите во одредени држави и за одредени категории на визи и се базира на таксите кои ги плаќаат американските државјани  за слични визи при посета на тие земји.  Реципрочната такса за американска виза се наплаќа само ако се издаде виза.

Служба за неимигрантски визи

Фото Робот

Фото Робот

Фотографиите за Американска виза не се со ист квалитет или димензии како фотографиите за македонски пасош. 

Следете ги долунаведените инструкции за фотографијата за американска виза:

  • Сликата на секој кандидат за неимигрантска виза треба да го истакнува целото лице на кандидатот и да не биде постара од шест месеци.
  • Кандидатот треба да гледа директно во камерата. Кандидатот не треба да гледа долу ниту на страна и лицето треба да покрива 50% од сликата. Главата на кандидатот, земајќи ги во предвид лицето и косата, треба да се гледаат од врвот на главата до врвот на брадата и целата коса од страните. Исто така пожелно е да се гледаат и ушите. Сликата треба да биде со димензии 50x50мм каде главата го покрива централниот дел.
  • Сликата треба да биде во боја со бела позадина. Сликата треба да се захевта или да се залепи на формуларот за неимигрантска виза ДС-156. Ако сликата е захевтана, хевталиците треба да бидат што подалеку од лицето. 

Сликите со темна позадина нема да бидат прифатени.


назад до:"ВИЗИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе