ВЕЛИГДЕН

назад до:"ВЕЛИГДЕН "

ДИДИМ - БОДРУМ - САРИМСАКЛИ


„Кога ќе дојдете на врвот од ридот, ќе го видите Бодрум. Немојте да мислите дека ќе си заминете исти одовде. И други како Вас тоа го мислеле. Заминувајќи, ја оставиле зад себе својата душа“- со овие зборови познатиот турски писател познат под псевдонимот „Рибар од Халикарнас“ го опишал Бодрум. Всушност, благодарејќи на него, читајќи ги неговите инспиративни текстови за градот, светот го открил Бодрум како туристичка дестинација. Неговите зборови за тиркизно-плавото море, бродовите на хоризонтот и боемскиот дух на Бодрум привлекле уште на почетокот од минатиот век турски интелектуалци и уметници во овој дотогаш заборавен дел од земјата. Од малите куќи настанале поголеми, а потоа и големи хотели пречекувајќи илјадници гости од сите страни на светот. Меѓу нив сме и ние!

 

Прв ден: 21.04.2022 (четврток)- Кавадарци-Скопје-Чанак Кале

Поаѓање на групата од  Кавадарци во 14.00 часот и од Скопје во 16.00 часот кон Турција преку Република Бугарија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 22.04.2022 (петок)- Чанак Кале-Дидим

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен  во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Дидим. Во попладневните часови пристигнување во Дидим. Сместување во  “Maril Resort Hotel&Spa“ 5* (https://www.marilhotel.com/ ). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 23.04.2022 (сабота)-Дидим-Бодрум

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон античките градови Дидим и Милет. Некогашното јонско светилиште Дидим е дом на храмот посветен на богот Аполон-еден од најголемите антички храмови подигнат во IV век пред нашата ера кој важи за трет по големина во светот (после храмот на Артемида во Ефес и храмот на грчкиот остров Самос). Храмот никогаш не бил целосно завршен и токму затоа не е дел од Седумте светски чуда на антиката. На неговите ѕидини се прикажани децата на боговите Зевс и Лета - близнаците Аполон и Артемида, а на самиот влез е прочуената статуа на Медузата Горгона со лице на жена и со змии на главата наместо коса која имала способност со поглед да ги скамени луѓето. Во дворот пак се наоѓало второто по големина хеленистичко пророчиште, идентично со светилиштето во Делфи. Тука најчести посетители биле царевите Октавијан Август, Трајан, како и Александар Велики. Јужно од храмот се наоѓа делумно сочуван стадион каде во чест на богот Аполон се организирале натпревари во атлетика и уметност. Потоа заминуваме кон древниот град Милет, родното место на многу филозофи, меѓу кои и на старогрчкиот математичар Талес кој го открил соѕвездието „Мала мечка“ со што значително им го олеснил патот на морепловците и прв го претскажал помрачувањето на Сонцето (во 585-та година пред новата ера), со што ја стекнал славата на еден од седумтемина мудреци на Антиката. Денеска во Милет можат да се видат рушевините од огромниот амфитеатар кој можел да прими повеќе од 15.000 посетители. По организираниот разглед на овој антички град, го продолжуваме патувањето кон една од најпознатите туристички дестинации во Турција-градот Бодрум наречен турскиот Сен Тропе, градот во чиј залив се сретнуваат Егејското и Средоземното Море.  Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел „Parkim Ayaz Hotel “ 4**** (https://www.parkimayaz.com/ ). Слободно време за одмор и уживање во содржините на хотелот во кој ја користиме услугата All Inclusive. Ноќевање.

Четврти ден: 24.04.2022 (недела)-Бодрум

Појадок. Заминуваме на организиран разглед на градот кој се одликува со специфична архитектура, комбинација на стилови во кои се надополнуваат модерните и старите градби. Она што е специфично е доминацијата на плавата и белата боја што потсетува на грчките острови. Љубителите на археологијата и историјата ќе уживаат во ова турско летувалиште; тука е роден грчкиот историчар Херодот, а градот некогаш го носел името Халикарнас (модерниот Бодрум е изграден на остатоците на стар грчки град). Разгледот го започнуваме од импресивната средновековна тврдина Свети Петар која ја подигнале витезите од островот Родос. Денес тоа е музеј на подводна археологија со ископини кои датираат уште од Бронзеното време. Во Бодрум се наоѓа и едно од седумте светски чуда - Мавзолејот на кралот Маусолус изграден 350 година пред новата ера-денеска од гробницата е останат само темелот и неколку скулптури и мермерни декорации отсликани со детали од една битка која Грците ја воделе против Амазонките. Враќање во хотелот. Слободно време за ручек и за индивидуални активности. Во попладневните часови го продолжуваме разгледот на Бодрум со посета на Миндоската капија, односно нејзините остатоци од четвртиот век пред новата ера, потоа амфитеатарот кој и денес е во функција и може да прими повеќе од 13.000 посетители, како и уникатниот сувенир по кој е прочуен Бодрум-оригиналните ветерници од камен кои функционирале во 18. век и се користеле за мелење на житото. Седум од нив и денес гордо стојат на ридот помеѓу Гумбет и Бодрум. Слободно време за прошетки низ градот кој е рај за очи и за душа: елегантен, луксузен, а во истовреме традиционален.  Вечера во хотелот. Ноќевање.
Петти ден: 25.04.2022 (понеделник)-Бодрум

Појадок. По појадокот заминување на групата на крстарење со брод по најубавите заливи на Бодрум-Бодрум е дом на дури 67 плажи закитени со плава застава за чистота на водата, а секоја плажа е приказна за себе. Искусните морепловци ќе ни приредат  прекрасен ден за уживање - бродот застанува на неколку места за фотографирање и за пливање (доколку дозволат временските услови), а  на бродот имаме и организиран ручек. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

 

 

Шести ден: 26.04.2022 (вторник)-Бодрум-Саримсакли

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Саримсакли, приморски град на самиот брег на Егејското Море, препознатлив по неповторливиот залез на сонцето. Она што е посебно карактеристично за ова туристичко место се исклучително добрите климатски услови - по препорака на Светската здравствена организација градот се наоѓа на првото место во Европа и второ во светот по лечење на дишните органи кај децата и возрасните. Со само  0,5 % влажност на воздухот, Саримсакли припаѓа на таканаречените  воздушни бањи. Сместување во „Musho hotel“ 4**** (https://www.mushootel.com/) Вечера. Ноќевање.

Седми ден: 27.04.2022 (среда)-Саримсакли-Чанак Кале-Скопје-Кавадарци

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и  плажа (доколку дозволат временските услови). Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Бугарија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во  утринските  часови во четврток, на 28. април.

 

Промотивна цена за уплата до 15.03.2022.... 339 евра (21.020 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........349 евра (21.640 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 15. март

и целосна доплата до 01. април

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Билети за траект на Чанак Кале
  • Еден  полупансион (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во  “Maril Resort Hotel&Spa“ 5* во Дидим
  • Три ALL Inclusive (се` вклучено) во „Parkim Ayaz Hotel “ 4****  во Бодрум
  • Еден  полупансион (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) „Musho hotel“ 4**** во Саримсакли
  • Влезници во  тврдината Свети Петар и Мавзолејот на кралот Маусолус
  • Крстарење со брод по најубавите заливи на Бодрум со вклучен ручек на бродот
    • Локален туристички водич за сите излети  вклучени во програмата 
    • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-          Доплата за еднокреветна соба - 95 евра

-          Патничко осигурување

 

 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници


назад до:"ВЕЛИГДЕН "

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе