Почетна

назад до:"Почетна"

ТРАДИЦИОНАЛЕН ВЕЛИГДЕН НА ОСТРОВОТ КРФ, ГРЦИЈА


1 ден:  02.05.2024 (Четврток)    МАКЕДОНИЈА - КРФ

Поаѓање од Битола во 23 30 часот од Спортска Сала Битола. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.

2 ден: 03.05.2024 ( Петок)     КРФ

Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата  со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос. Враќање во хотел.        Ноќевање

3 ден: 04.05.2024 (Сабота)   КРФ - КАНОНИ

Појадок. Се упатуваме кон градот Крф. Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело.Потоа се упатуваме кон брдото Канони со прекрасен поглед кон Црквата Панагиа Влахерна и полетувањето и слетувањето на авионите . Можност за кафе, ручек... Попладне враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се очекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото ќе се украси со прекрасен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот.         Ноќевање.

4 ден 05.05.2024 (Недела)   КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА

Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката Мавроматис за производи од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден 06.05.2024 (Понеделник)  КРФ - ЈАНИНА - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменица,а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.

 

 ЦЕНА: 175 ЕВРА

 

Цената вклучува:

- Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма 

- Користење на wi-fi за цело време на патувањето              

- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица                       

- 3 ноќевања во хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ)

- Посета на брдото Канони, Палеокастрица, фабриката за кумкват Мавроматис

- Пратител за цело време на патувањето

- Организација подготовка и водство на аранжманот

 

Цената не вклучува:

-Туристичка такса – 4.5 еур за сите 3 ноќи по патник

- Трансфер до Палатата Ахилеон - 5 еур (влезница се купува на лице место)

НАПОМЕНИ:

Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

- Агенцијата не одговара за исправноста на документите на патниците


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе