ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

ПАРИЗ / авион


Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...

 

1ден  19март    СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 15.30 часот. Полетување за Париз во 18.10 и пристигнување во Париз во 21.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

 

2ден  20март    ПАРИЗ - Лувр

Појадок. Панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург... Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите... Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.

 

3ден  21март    ПАРИЗ – Версај

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило.... Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од третиот кат (со метро). Ноќевање.

 

4ден  22март    ПАРИЗ - СКОПЈЕ

Појадок. Посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21.45,  пристигнување во 00.25 часот.

 

 

Цена за рана уплата 15.02           359 евра (22.260 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:              429 евра (26.600 денари)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Хотел 3* во Париз на база 3 ноќевања со појадок
  • Оганизиран разглед на Париз
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.960 денари
  • Голема кабинска торба (димензии 55х45х25см) 300 ден. Чекиран багаж: 1 куфер до 10кг = 3.100 ден / 20кг = 4.250 ден
  • Туристичка такса 560 мкд  - се плаќа во агенција

  • Посета на Версај евра (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот)
  • Карти за јавен превоз (метро)
  • Влезница за Ајфелова Кула до 2кат евра,
  • Крстарење со брод по Сена евра
  • Посета на Лувр (вклучена влезница, резервација при уплата на аранжманот) евра
  • Патничко-здравствено осигурување

 

Напомена:

  - Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.

  - За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

  - При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.

  - Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

  - Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

  - За патувањето потребно е да се поседува: сертификат за примени 2 дози (со поминати 14 дена од втората) и ПЦР тест.

  - Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6месеци по завршувањето на аранжманот.

  - За овој аранжман важат општите услови за патување


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе