Почетна

назад до:"Почетна"

8 ми МАРТ - ЦРКВА СВ. ЛИДИЈА- КАВАЛА - КСАНТИ- ПОРТО ЛАГОС


Прв ден – 09.03.2024 МАКЕДОНИЈА – КАВАЛА - КСАНТИ

Поаѓање за Грција во раните утрински часови. Гранични формалности и попатни паузи. Пристигнување во Грција и се упатуваме кон местото Филипи  и  Црквата посветена на крштевањето на Св. Лидија Македонка - првата европска христијанка, крстена од Св. Апостол Павле во реката Зигактис. Слободно време за разглед.

Потоа се упатуваме кон Кавала , еден од поубавите грчки градови, кој наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и месечината. Најважниот градски споменик – стариот аквадукт или ˮ Камарес ˮ изгледа како мост кој ги поврзува старите куќи од едната и другата страна. Разглед на стариот град, прошетка покрај море, слободно време за кафе, ручек...

Попладне се упатуваме кон Ксанти – преубав град музеј на отворено. Се сместуваме во хотел. Мал одмор. Потоа се упатуваме на прошетка по поплочените тесни улички на стариот град, кој го красат преубави вили со архитектура која е спој на локалното и отоманскиот стил, византиски цркви, живописни плоштади... Вечерта можност за организирана факултативна вечера со забава со музика или индивидуално да се ужива во локалните таверни  и  раздвижениот ноќен живот на градот.

Ноќевање.

 

Втор ден – 10.03.2024  КСАНТИ – ПОРТО ЛАГОС – ДРАМА -  МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот . Слободно време за индивидуален разглед, прошетки и ручек... Околу пладне се упатуваме кон живописното место Порто Лагос, рибарско село со идилична слика на јата розови фламингоси. Од десната страна гледаме море, а од левата езерото Вистонида. Ќе го посетиме и ˮ пловечкиот ˮ Манастир Св. Никола, кој е изграден на мал остров и создава илузија како да плови по вода. Слободно време да се ужива во уникатноста на Порто Лагос.

 Попладне поаѓаме за Македонија со попатни паузи.

Пристигнување во доцните вечерни часови.

Крај на програмата.

Цена на аранжманот: 85  еур  

Цената на аранжманот вклучува:

-          Превоз со туристички автобус на дадената релација

-          Сместување во Ксанти хотел 3* едно ноќевање со појадок

-          Разглед на градот

-          Посета на Кавала

-          Посета на Драма и Црквата посветена на првата крстена хриситијанка

-          Посета на Порто Лагос, Манастирот Св. Никола

 

Цената на аранжманот не вклучува:

-          Туристичка такса – плаќање на рецепција

-          Патничко здравствено осигурување

 

Напомена:

 Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго by здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-  Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе