ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ

назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

ИСТАНБУЛ


1 ден (четврток – 13.02.2020): БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 17.00 часот. Поаѓање за Турција во 17.30 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Воден, Солун, Кавала, Александрополис, г.п. Ипсала, Текирдаг... ноќно и денско патување, со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (петок – 14.02.2020): ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од времето на пристигнување, можност за посета на Лалели, Бејазит, Капали Чаршија со претставник од агенција. Околу пладне – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневните часови, факултативна посета со локален водич, со метро на азискиот дел на Истанбул – брегот на Ускудар со романтично зајдисонце кое ја отсликува силуетата на Истанбул, посета на легендарната Девојачка Кула со брод и плоштадот Таксим со малите улички од калдрма. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 15.02.2020): ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот, факултативен повеќечасовен пешачки разглед на значајните места низ Истанбул: Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Разгледот продожува со посета на Чаршијата на зачини и пауза за ручек покрај море на Галата Мост. Потoа следувa посета на плоштадот Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи – Палатата на султаните (без влезници), Сината Џамија. После пладне враќање во хотел, слбодно време за одмор или индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови поаѓање за факултативна посета на две од маалата популарни за вечерни излегувања – Кадикој и Ортакој. Враќање во хотел во ноќните часови. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 17.02.2019): ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење по Босфор, каде од една сосема друга перспектива се доловува грандиозноста на еден од најбајковитите градови на светот. Понатаму продолжуваме со посета на Цариградската Патријаршија со стручен локален водич. Продолжување на факултативниот излет со посета на едно од најромантичните места во Истанбул: Pierre Loti видиковецот, со жичара. Пауза за кафе со Златен Рог на дланка. Посета на трговскиот центар Форум и можност за посета на аквариумот. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови.  

 

5 ден (понеделник – 18.02.2019): БИТОЛА

Пристигнување во Битола во утринските часови.

 

Цена на аранжманот:  4.880,00 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај
  • посета на трговскиот центар Форум
  • организација, водство и реализација на аранжманот

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Такисм и Ускудар и Девојачката Кула – 15€ по лице
  • Пешачки разглед  со водич на знаменитостите на Истанбул (Султанахмет, Аја Софија, Топ Капи, Сината Џамија, Чаршијата на зачини, Галата Мост и Галата Кула со влезница) – 20€ по лице
  • Посета на Кадикој и Ортакој – 15€ по лице
  • Крстарењето со брод по Босфор и посета на Pierre Loti – 20€ по лице
  • Патничко осигурување

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО ФЕВРУАРИ"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе