Почетна

назад до:"Почетна"

11ти ОКТОМВРИ - БУДИМПЕШТА


1 ден (четврток – 10.10.2019): БИТОЛА

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 15:30 часот. Поаѓање за Унгарија во 16.00 часот. Патот води преку Скопје, граничниот премин Табановце, Ниш, Белград, Нови Сад... ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

 

2 ден (петок – 11.10.2019): БУДИМПЕШТА

Очекувано пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Посета на трговскиот центар Кампона и влез во Аквариумот и Тропикариумот кој е лоциран во самиот трговски центар и е дом на бројни видови на морски и слатководни риби, необични инсекти, егзотични птици, малечки мајмуни, интересни рептили и алигатори. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните упатување кон центарот на градот. Слободно време на главната пешачка и шопинг зона во Будимпешта, улицата Ваци. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (сабота – 12.10.2019): БУДИМПЕШТА

Појадок. По појадокот, панорамски разглед на градот со стручен водич – стариот град Будим: Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св. Матејаш, Цитаделата и новиот град Пешта: мостовите на Дунав, базиликата Св. Стефан, Парламентот, Операта, Плоштадот на Хероите... Посета со влезница на Националната Галерија која е сместена во Кралската Палата. Посета на куќата на Худини со влезница, интерактивен музеј отворен во 2016 година. Слободно време за кафе пауза на улицата Ваци. Во вечерните часови, факултативно, крстарење по Дунав, со чаша шампањ, на звуците на Виенскиот Валцер. Ноќевање.

 

4 ден (недела – 13.10.2019): БУДИМПЕШТА  

Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот. Посета на Вајдахинјад Замокот во градскиот парк, време за фотографирање. Посета со влезница на Музејот на ликовна уметност (Музејот на старите добри мајстори) кој е отворен за посетители во октомври минатата година, после 3 години реновирање и каде може да се погледнат врвните постојани изложби на 3 ката во музејот. Посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта, Арена Плаза. Во попладневните часови поаѓање за Битола.

 

5 ден (понеделник – 14.10.2019): БИТОЛА

Очекувано пристигнување во Битола во утринските или претпладневните часови, во зависност од состојбата на граничните премини. 

 

Цена на аранжманот: 9.740,00 денари

Доплата за еднокреветна соба: 30% од износот на аранжманот

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • автобуски превоз на горенаведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Будимпешта во хотел со 3*
  • разглед на Будимпешта со стручен локален водич
  • влезница за Аквариум и Тропикариум
  • влезница за Националната Галерија
  • влезница за Куќата на Худини
  • влезница за Музејот на ликовна уметност
  • посета на трговски центар Кампона
  • посета на трговски центар Арена Плаза
  • посета на замокот Вајдахинјад
  • лиценциран туристички пратител

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • крстарење по Дунав - 15€ по лице (минимум 30 лица за реализација)
  • патничко осигурување  
  • влезници за индивидуални посети и екскурзии

назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе