Почетна

назад до:"Почетна"

ВЕЛИГДЕН НА КРФ


 ден:  16.04.2020 (Велики Четврток) Битола - Игуменитца - КРФ

Поаѓање од Битола во 24.00 часот (паркинг - спортска сала). По граничните формалности, продолжување за Игуменитца со попатни одмори. Ноќно возење.....              

2 ден:    17.04.2020  (Велики Петок)               КРФ - Ахилеон

Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16.00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос.

3 ден:    18.04.2020 (Велика Сабота)                КРФ                                                                          Ноќевање      

Појадок.Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните сати враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се ожекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси инпонзантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот.                                                          Ноќевање

4 ден     19.04.2020  (ВЕЛИГДЕН) КРФ - ПАЛЕОКАСТРИСА

Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот.                       Ноќевање

5 ден     20.04.2020                           КРФ – ЈАНИНА-БИТОЛА

Појадок. Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменитца,а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.                                                                                                                                                             Крај на програмата

                                                  ЦЕНА ВО ХОТЕЛ 3*:   7.700, ден

                                                  ЦЕНА ВО АПАРТМАНИ: 6.500, ден

Цената вклучува:

  • Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма                

Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица                       

  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ)

Организација подготовка и водство на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Влезници во локалитетите што се посетуваат по програмата
  • Посета на палатата Ахилеон -10 еур (трансфер) – влезницата се наплаќа на лице место 
  • Панорамски разглед на градот, брдото Канони,Мавроматидис, Палеокастрица – 15 еур
  • Се што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

Цената е вкалкулирана на база од најмалку 40 лица


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе