Почетна

назад до:"Почетна"

ВЕЛИГДЕН - ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА


Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја почуствуваат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах  да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен.

Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

Салцбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

1 ден 16.04.2020 СКОПЈЕ - САЛЗБУРГ

Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 17.04.2020 САЛЗБУРГ - МИНХЕН

Пристигнување во Салзбург во пладневните часови. Разглед на градот: Дворец Мирабел и градината, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од VIII век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Минхен. Сместување во хотел.  Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 МИНХЕН

Појадок. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II  за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ..... Враќање во хотел.. Ноќевање.

 

5 ден 20.04.2020 МИНХЕН – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо

стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување за Скопје.

 

6 ден 21.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во пладневните часови

 

    ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 16 места                      : 195/12.090 ден

     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                                                     : 215€/ 13.330 ден

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен ( или околина )
  • Гратис Разглед на Минхен со локален водич
  • Професионален лиценциран пратител за време целото патување од ФАЛКОН
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

                       * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителна доплата од 50€ за влезница во дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен
  • Разглед на Салзбург 10€
  • Патничко осигурување – 5€/310ден
  • Доплата за еднокреветна соба 4.990 денари

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл...

 

 

                                          Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе