ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН"

СТРАЗБУРГ - АЛЗАС и ШВАРЦВАЛД


СТРАЗБУРГ - АЛЗАС и ШВАРЦВАЛД

 

 Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...

 

06 март                  Скопје – Базел - Стразбург   

Состанок на групата во 11.20 часот на скопскиот аеродром. Летот на Визер за Базел е во 13.35 часот. Слетување во 15.50 часот.  Трансфер до центарот на Базел, прошетка и запознавање на знаменитостите. Заминување за Стразбург, пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

 

07 март                  Стразбург

Појадок. Разглед на Стразбург - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбург се наоѓаат седиштата на  Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот:  величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил, висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, познат и како мала Франција, заштитен како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, е најсликовит дел на Стразбур и изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне, можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбург. Ноќевање.

 

08 март                  Шварцвалд: Баден Баден и Фрајбург

Појадок. Целодневен факултативен излет во Шварцвалд:  Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, отука градот е и идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Продолжуваме кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Враќање во Стразбург. Ноќевање.

 

09 март                  Алзас: Риквир и Колмар - Скопје

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас: селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Посета на винарија и можност за дегустација на вино. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Трансфер до аереодромот во Базел. Лет на Визер во 21:20 часот. Пристигнување во Скопје во 23:35 часот.

 

 

ЦЕНА за уплати до 20.12:               299€  (18.540,00 мкд)

Цена на аранжманот:                      359€  (22.260,00 мкд)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски билет на релација Скопје – Базел –Скопје
  • Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 8кг.
  • Сите трансфери по програмата со автобус
  • Сместување во хотел IBIS STYLE STRASBOURG CENTRE GARE 3* во Стразбур, на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Стразбур
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.990,00 мкд
  • Д Доплата за кабински багаж до 10кг -2.000 мкд /  чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.300 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по каналите на Стразбур 20 евра
  • Целодневен факултативен излет - Шварцвалд (изјаснување во агенција при уплата/резервација) 75евра
  • Целодневена задолжителна посета на Алзас 60 евра
  • Влезници за локалитети и културно-историски споменици
  • Доплата за еднокреветна соба 4.900,00 мкд
  • Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција)

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Магелан Травел Сервис.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.        

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ - АВИОН"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе