ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

БРАТИСЛАВА/ авион 12.03. - 15.03.2022


Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

12 Март (Сабота)                  СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Братислава во 14:00 и слетување во 15:30 часот. Организиран трансфер до Братислава. Посета на едно од најромантичните места во Братислава - музејот на модерна уметност Данубиана, каде што со свои изложби се имаат претставено престижни  личности на словачката, европската и глобалната уметничка сцена. Покривот на музејот нуди уникатен поглед на градот, Малите Карпати и величествената река Дунав, особено на зајдисонце. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 

13 Март (Недела)                  БРАТИСЛАВА

Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.  Вечерта, можност за посета на традиционална пивница. Ноќевање.

 

14 Март (Понеделник)         БРАТИСЛАВА

Појадок. Посета и шопинг во трговскиот центар “Eurovea” сместен на брегот покрај реката Дунав. Во попладневните часови, вечера во некој од околните словачки ресторани каде што ќе може да пробате некои од специјалитетите на словечката кујна: “brynadzove halušky” мини њоки со кремаст сос од познатото словачко сирење bryndza и крцкава сланина, потоа супа од лук, колач од ориз... Ноќевање.

 

15 Март (Вторник)                БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ

Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот, од каде има прекрасна глетка кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат трите држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 15:45 часот. Пристигнување во Скопје во 17:15часот.

 

Рана уплата до 15.02                        199 евра   (12.340 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                   249 евра   (15.440 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

- Аеродромски такси

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х20cm)

- Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром

- Сместување во Братислава во хотел 3/4* на база 3 ноќевања со појадок

- Разглед на Братислава со локален водич

- Посета на музејот на модерна уметност Данубиана

-Посета на Братиславски дворец

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg)

- Влезници за локалитетите

- Туристичка такса 9 евра по лице, вкупно за 3 ноќевања – се плаќа во Агенција

- Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

За овој аранжман важат општите услови за патување


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе