ВЕЛИГДЕН

назад до:"ВЕЛИГДЕН "

СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА


Една легенда вели дека Змејовите поставени на мостот на реката Љубљаница ќе мавнат со опашката кога под нив ќе помине девојка која е девица... Добро упатените сведоци тврдат дека тоа до денес не се случило. Шегата настрана, Змејовите се заштитен знак на Љубљана откако на ова место грчките митски јунаци Аргонаутите го совладале чудовиштето кое излегло од езерото и ги нападнало... Оттогаш Змејот станал симбол на целиот град. За оваа и за многу други легенди поврзани со Бледската шампита, Ѓаволскиот Мост на Бохињското Езеро и за Црната Кралица која ги создала Плитвичките Езера на најбараното Велигденско патување!

БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД СТРУГА, ОХРИД, РЕСЕН, БИТОЛА, ПРИЛЕП

Прв ден: 21.04.2022 (четврток)-  Кавадарци-Скопје-Љубљана

18:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) за Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 22.04.2022 (петок) - Љубљана

Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки - најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерновиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн... Потоа сместување на групата во „M Hotel“ 4**** во непосредна близина на центарот на Љубљана (https://www.m-hotel.si/). Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки. Ноќевање.

Трети ден: 23.04.2022 (сабота) - Љубљана-Блед-Бохињ

Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во  кафе и  познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови враќање во хотелот во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот. Ноќевање.

Четврти ден: 24.04.2022 (недела)- Љубљана- Постоинска Јама-Опатија

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 просторни метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа.  Во пладневните часови  заминување на групата кон Опатија. Сместување во хотел Astoria 4**** (https://www.hotel-astoria.hr/ ) кој се наоѓа во непосредна близина на центарот на Опатија. Слободно време за одмор од патувањето и за  индивидуални прошетки. Ноќевање.

Петти: 25.04.2022 (понеделник)- Опатија-Плитвички Езера-Скопје-Кавадарци

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вторник на 26. април во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........285 евра (17.670 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две  ноќевања со појадок во хотел „M Hotel“ 4**** во Љубљана
  • Едно ноќевање со појадок  во хотел Astoria“ 4**** во Опатија
  • Целодневен излет до Блед и Бохињ
  • Влезница во  Постоинска Јама
  • Влезница за Плитивичките Езера
  • Локален туристички водич  за сите излети  вклучени во програмата
  • Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса во Љубљана (се плаќа во агенцијата) – 3,15 евра по лице од вечер
  • Туристичка такса во Опатија (се плаќа во агенцијата) – 1,50 евра по лице од вечер
  • Доплата за еднокреветна соба – 62 евра
  • Можност за пловидба со чамец  по Бледското  Езеро и влезница во црквата  „Света Марија“ на Блед
  • Патничко осигурување

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници


назад до:"ВЕЛИГДЕН "

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе