Почетна

назад до:"Почетна"

ОСТРОШКИ МАНАСТИР -СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА


МАНАСТИР СВ.ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ –ЦРНА ГОРА

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомне Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни.Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен

Острог, каде се сместени две мали цркви: горна –посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.Сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби(8, 10 кревети во соба) или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории

со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња.

                  ЦЕНА: 1300 ден

                 Термин:28-29.09.2019

1 ДЕН

• Поаѓање во 23,30часот со високотуристички автобус (ноќно возење), преку Албанија со две попатни паузи до Црна Гора;

2 ДЕН

• Пристигнување во Будва околу 07:30 ч. и слободно време за разгледна стариот град до 12:30 ч.;

• 12:45ч. поаѓање за манастирот Св. Василиј Острошки;

• 15:30 ч. пристигнување на долен паркинг кај долните конаци. По избор: искачување пешки (боси)или со комбе(локално -по цена од 1 евро);

• попладневналитургија започнува во 17:00 ч. (пеењето трае 30 минути);

• Произволно и на свој трошок сместување во конацитеили преноќување во дворот на манастирот(од црквата даваат сунѓери за постирање вреќа за спијење или ќебиња);

3 ДЕН

• 06:00 ч. утринска литургија во траење од 3 часа.(до 09:00 часот);

• Во 09:15 ч.собирање на групата на паркингот кај долните конаци;

• 09:30ч. поаѓање со попатни застанувања за посета на манастирот Дајбабе –руска црква;

• во Тирана посета на шопинг центар(ТЕГ)–по договор на групата/необавезно;

• 22:30 ч. планирано пристигнување

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

• Превоз со високотуристички автобус на релација Охрид-Будва-Св.Василиј Острошки-Охрид

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• 1 евро за влез во Национален паркдо Острошки манастир (се плаќа само ако не застанат за плаќање на лице место)

• патничко осигурување


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе