Почетна

назад до:"Почетна"

8ми МАРТ - БЕРОВО


1 ДЕН - 09.03.2024  СТРУГА – БИТОЛА- БЕРОВО

 

Поаѓање во 06:00 часот . Се патува преку Битола, Велес со попатни паузи. Пристигнување во  Берово. Посета на Манастирот Св. Архангел Михаил кој се наоѓа во хотелскиот комплекс Манастир. Најпрво бил изграден како црква за време на турското владеење, а денес функционира како женски манастир. Потоа слободно време со можност за прошетка во градот и пауза за ручек.  Во договорено време заминуваме и се сместуваме во Хотел Вип.  Слободно време со можност за посета на Комплексот Аурора на Беровското Езеро или едноставно да уживате на Беровското Езеро со прекрасен поглед на околните шуми и зелени планини.

Вечерта во договор со групата можност за организирана свечена вечера.

Ноќевање.

 

2 ДЕН – 10.03.2024 БЕРОВО – ОСОГОВСКИ МАНАСТИР – КРАТОВО- БИТОЛА – СТРУГА

 

Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и заминуваме во посета на Манастирот Св. Јоаким Осоговски, во близина на Крива Паланка. Слободно време. Потоа продолжуваме со попатна посета на Кратово, градот на кулите и мостовите. Во договор со групата паузата за ручек може да се направи попатно во етно село.

Пристигнување во вечерните часови.

 

Крај на програмата.

 

Цена: 3.600 денари

 

 

Цената вклучува:

  • Превоз на дадената релација
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел Вип, Берово
  • Посета на Манастирот Св. Архангел Михаил во Берово и Манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка
  • Организација и водство на патувањето

 

Цената не вклучува:

 

  • Индивидуални трошоци
  • Организирана свечена 8-мо мартовска вечера

назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе