ВЕЛИГДЕН

назад до:"ВЕЛИГДЕН "

ИСТАНБУЛ


Организиран трансфер (вклучен во цена) од Охрид, Струга, Ресен, Прилеп, Велес, Скопје

21.04.2022 МАКЕДОНИЈА  – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на Спортска Сала Битола , во 16:15 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење, со попатни паузи и царински формалности.


22.04.2022  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич и пешачка тура:Римски Аквадукт, Хиподром, Сулејмание, Света Софија, Капали чаршија. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.


23.04.2022 ИСТАНБУЛ

Појадок. После појадокот факултативна посета на Балат - традиционален кварт во областа Фатих. Балат е најколоритниот дел од Истанбул и поради неговата богата историја, е заштитен како светско наследство од страна на УНЕСКО. Местото е познато по колоритни куќарки и кафулиња кои шират позитивна енергија, калдрмите и миксот од цркви, џамии и синагоги. Потоа посета на Пјер Лоти ридот со поглед на Златниот рог во Ејуп. Ридот на Пјер Лоти нуди спектакуларен панорамски поглед на седумте ридови во Истанбул, можност да се вкуси најубавото турско кафе и најубавото Ѓомлезе во градот.Вселенска Патријаршија, Чамлиџа, Ускудар, Ортакој и Таксим. Слободно време. Ноќевање.


24.04.2022  ИСТАНБУЛ -МАКЕДОНИЈА

 Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Посета на Мисир Чаршија. Потоа, предлагаме возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon… Тргнување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

Цена на аранжманот 79 евра

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
• Сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
• Посета на Forum, Dechatlon I Ikea

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Крстарење со брод по Босфор 15 евра
Посета на Азиски дел 25 евра

Пешчка тура и панорамски разглед со локален водич 10 евра


• Доплата за 1/1 соба 30 % од вредноста на аранжманот
 • Задолжително КОВИД патничко – здравствено осигурување
Напомени: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
 • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на одделни програми


назад до:"ВЕЛИГДЕН "

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе