ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

ТИРАНА - КРУЈА - БЕРАТ 05.03. - 06.03.2022


1 ден: 05.03.2022 Сабота

  Поаѓање за Круја и Тирана од Битола на паркингот Спортска сала во 05.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија. Круја, родниот град на националниот херој Скендербег. Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Сместување во хотел 4*. Попладнето организирана посета на тргоцскиот центар ТЕГ. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање1.

2 ден: 06.03.2022 Недела

Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување за Берат. Тврдина која со векови сведочи за историјата на градот Берат со својата широка порта, кулата за 24-часовно набљудување, музејот каде што се наоѓаат икони, урнатините од џамии, цркви и многу други објекти, продолжува да го привлекува вниманието на локалните и странските туристи. Поаѓање за Македонија со попатна посета на најголемиот шопинг ценатр во Тирана – ТЕГ. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

Цена: 79 Еур/ 4.898,00 денари
Еднокреветна соба  99 Еур. Деца 2 -12 години 55 Еур. Сопствен превоз -10 Еур од цената.

 

Во цената се пресметани следните услуги:

Во цената не се пресметани следните услуги:

    • Трансфери останати градови (10 Еур)
    • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници  За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес

Тирана

Како град основан е во 1614 година, но регионот што денес одговара на територијата на градот бил постојано населен од бронзеното време. Тирана се наоѓа во центарот на земјата опкружена со планини и ридови, со Дајт на исток и со мала долина и пространство на северозапад, со поглед на Јадранското Море во далечината. Поради својата локација во рамнината на Тирана и близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. Таа е меѓу највлажните и најсончевите градови во Европа, со 2.544 часа сонце годишно.
Како примарен град, Тирана се смета за економски и културен центар на Албанија, поради неговата значајна локација и значење во медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието, услугите, истражувањето и здравството. Сите поголеми компании во земјата, медиумите и научните институции имаат седиште во градот.Во Тирана исто така се наоѓаат седиштата на Владата на Албанија, резиденцијата на претседателот и премиерот на Албанија

Golden City Hotel & Spa, Тирана се наоѓа во срцето на Тирана, на само 300 метри од главниот плоштад Скeндаберг и сите поголеми места. Овој луксузно украсен хотел располага со салон-бар, бесплатен Wi-Fi и бесплатен паркинг за сите гости. Сите соби се со климатизација, телевизор со рамен екран со кабелски канали и минибар. Приватните бањи се одликуваат со туш и тоалети. Појадок се служи секој ден во хотелската трпезарија. Гостите можат да најдат бројни ресторани на само неколку чекори од  хотелот.  Познатиот кварт Блоку нуди живописен ноќен живот и културни места може да се постигне на 1 км. На одење, гостите можат да најдат бројни деловни центри, владини канцеларии и амбасади и забавни области.

https://www.diplomathotels.al/
Diplomat Hotel & Spa е сместен во Тирана, на 1 км од главниот булевар и плоштадот Скендербег. Располага се со бесплатен Wi-Fi и бесплатен паркинг, климатизирани соби и бесплатен влез до спа центарот. Со поглед кон градот или реката Лана, овие соби имаат телевизор, сеф и минибар. Приватната бања доаѓа со туш,  бањарка и папучи. Спа центарот се состои од сауна и турска бања. Различни третмани за масажа се исто така достапни на барање и со доплата. Гостите исто така можат да се релаксираат во библиотеката на хотелот. Хотелот се наоѓа блиску до  центарот на градот, кој е полн со разни ресторани, кафулиња и продавници. Автобуска станица е на растојание од 60 м.


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе