Почетна

назад до:"Почетна"

САРАЕВО - МОСТАР 8ми МАРТ


САРАЕВО И МОСТАР - 8ми МАРТ

1 ДЕН 29.02.2024 МАКЕДОНИЈА - САРАЕВО

 Поаѓање за Сараево во 19:00 ч преку граничниот премин Табановце , низ Србија со попатни паузи и царински формалности. 

 

2 ДЕН 01.03.2024  САРАЕВО

Во утринските часови пристигнување во Вишеград, и посета на Мостот на Дрина, изграден од турскиот везир Мехмед Паша Соколовиќ. Потоа продолжуваме кон Сараево. Започнуваме со пешачка тура за  разглед и запознавање со градот со локален водич: народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта можност за организирана 8мо мартовска вечера со забава и музика.

 Ноќевање.

 

3 ДЕН 02.03.2024 САРАЕВО

 Појадок. По појадокот со локален водич заминуваме на факултативна посета на Врело Босне,туристичка атракција - заштитен споменик на природата на изворите на реката Босна, парк од неколку островчиња поврзани со мостови преку бројни поточиња со прекрасен жив свет како патки и лебеди, со алеја од стебла на костени и чинари засадени уште во австро-унгарскиот период.

 Потоа продолжуваме  со разглед на Тунел Спаса, изграден помеѓу март и јуни 1993 г. за време на Босанската војна, за поврзување на отсечените делови од градот да можат да добијат хуманитарна помош и да се снабдат со храна. Денес останува како симбол на страдањето и војувањето.

 Потоа се упатуваме кон Босанските Пирамиди, во близина на градот Високо. Откриени пред 10-тина години, истражувањата покажуваат дека датираат од предбиблиското време: Пирамидата на Сонцето, Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј. Објектите пронајдени под Пирамидите всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат, поради големото ниво на јонизација.  

По завршување на екскурзиите враќање во хотел. Слободно време и можност за прошетка по Башчаршија да се почувствува животот и вибрациите на градот.

Ноќевање.

 

4 ДЕН 03.03.2024 САРАЕВО - МОСТАР - БУДВА - МАКЕДОНИЈА

Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Мостар со попатна посета на Титовиот Бункер во Коњиц – најстрого чуваната воена тајна, изграден во поранешна Југославија за време на Тито. После десетина години реновирање и обновување можи да се види целата негова вредност: со 3 конференциски сали, 100 соби за војници, резервоари...

Потоа продолжуваме кон Мостар - посета на стариот мост, Кујунџилук улицата со безброј продавници, сувенирници, бакарни предмети, сетови за кафе, килими...  Во договорено време продолжуваме кон Македонија, преку Црна Гора со кратка пауза во Будва .

Пристигнување во доцните ноќни часови.

 

 Цена: 7.300 ден.

 

Во цената е вклучено:

- превоз со туристички автобус

- сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок

- разглед на Сараево со локален водич

- посета на Мостар

- организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Титов Бункер – 20 евра

- Босанските пирамиди  - 25 евра

- Врело Босне  - 10 еур

- Тунел Спаса - 15 еур


–Туристичка такса– 1,5 евра од лице за  ноќевање (задолжително)

– Патничко осигурување

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна 30€ од цената на аранжманот;

– Дете 2-12 год. во придружба на 2 возрасни плаќа 50 % од вкупната сума;

 

НАПОМЕНИ:

Калкулацијата е правена на минимум 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-  Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе