Почетна

назад до:"Почетна"

МАНАСТИР ТУМАНЕ И СРЕБРЕНО ЕЗЕРО 19.04.-21.04.2024


МАНАСТИР ТУМАНЕ  И СРЕБРЕНО ЕЗЕРО

1 ден     19.04.2024 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА

Состанок на групата на договорено место и поаѓање во 22:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце. Ноќно возење, гранични формалности и попатни паузи .

2 ден   20.04.2024  МАНАСТИР ТУМАНЕ – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО

Пристигнување во Манастирот Тумане во утринските часови. Присуствуваме на утринската литургија, а потоа Манастирот е отворен за молитви за посетителите.

За настанувањето на Манастирот и потеклото на неговото име нема сигурни податоци , но според народните сеќавања Манастирот Тумане е изграден во 14 век како задужбина на косовскиот јунак  Милош Обилиќ. Во него се чуваат светите мошти на преподобен Св. Зосим и Св. Јоаким, како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински . Во 17 век од руски монаси Манастирот ја добива чудотворната икона на Св. Богородица. Верниците во овој Манастир наоѓаат благослов и утеха преку молитвите за заздравување и исцелување.

Посета на пештерата- испосница во која живеел Св. Зосим и каде извира лековита вода од која патниците можат да си понесат за здравје.

Потоа  факултативно се  упатуваме кон Голубац (Голубачки град или Голубачка тврдина) средновековна тврдина споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав.

( За оваа екскурзија е потребно најавување однапред, а влезница се плаќа на лице место ).

По посетите се поаѓа за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко акумулациско езеро на десниот брег на реката Дунав.Се сместуваме  во  апартмани во Сребрно Језеро. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи по брегот на Дунав. Посебен впечаток оставаат околните паркови и шуми, прекрасно уредениот простор, прекрасните викендички со посебен стил, а пред се убавината на самото езеро.

Ноќевање.

3 ден   21.04.2024  СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ -МАКЕДОНИЈА

 Се  одјавуваме и поаѓаме кон Манастир Нимник, познат по молитвите за пород и здравје од тешки болести, молитви за момци и девојки и нивна среќа  и извор на света вода за здравје и Светињата - Црква со гробот  на девојчето  Николија... Слободно време.  Во договорено време поаѓаме за Македонија со попатна пауза во Ниш каде ќе имаме слободно време за ручек, кафе, разглед на Тврдината, Казанџиското сокаче со бројни ресторани.... Потоа го продолжуваме патувањето, пристигнување во доцните вечерни часови.

Крај на програмата.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.300,00 денари

Цената вклучува:

-              Превоз на дадената релација со туристички автобус

-              1 ноќевање во апартмани во Сребрно Језеро

-              Посета на Манстирот Тумане

-              Посета на Манастир Нимник и Светињата

-              Попатна посета на Ниш

-              Организација и водство на аранжманот

 

Цената не вклучува:

-              Туристичка такса 1 еур

-              Посета и влезница за Голубачка тврдина - на лице место ( пријава задолжително во агенција при резервација)

-              Патничко здравствено осигурување

-              Индивидуални трошоци

Напомена:

Калкулација за програмата е правена на 45 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот или промена на цената поради помал број на патници е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

- При посета на црквите, манастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

- За изведување на аранжманот е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената, или во краен случај да откажи.

- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-  Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.


назад до:"Почетна"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе