ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС

назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ


1 ДЕН (04.03.’22 - петок) : БИТОЛА Состанок на групата во 07.00 часот на градската автобуска станица. Поаѓање за Чешката Република во 07.30 часот. Патот води преку Ниш, Белград, Будимпешта, Ѓиор, Братислава, Брно...Денско и ноќно патување со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (05.03.’22 - сабота) : ПРАГА Пристигнување во Прага во претпладневните часови...разглед на градот со стручен водич :  Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец на Храдчани, обиколка (факултативно) на Шпанската сала (монументална градба од Х век), монументалната катедрала на Св.Вито со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време. Вечерта – ноќно крстарење (факултативно) по Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана...Ноќевање.

3 ДЕН (06.03.’22 - недела) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативен полудневен излет за Карлови Вари, најпознатата бања во Источна Европа, место каде престојувале многу Европски властодршци, врвни сликари, поети...Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 km западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св. Петар и Павле (можност за присуство на Божиќната миса). Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко - горчливиот ликер Бехеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила)...Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта – факултативно, посета на Национален ресторан со комплетно мени, неограничени пијалаци и програма...Ноќевање.

4 ДЕН (07.03.’22 - понеделник) : ПРАГА – ВИЕНА Појадок. Одјавување од хотелот и заминување за Виена, со попатна посета на FREEPORT OUTLET SHOPING CENTER (на границата помеѓу Чешката Република и Австрија)...слободно време за шопинг. Планирано пристигање во престолнината на Хабзбурговците околу 13.30 часот. Панорамски разглед на градот во стручен водич...обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град...слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер...планирано поаѓање за Македонија околу 19.00 часот. Патот води преку Р.Унгарија, Србија...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Македонија околу пладне – наредниот ден.

ЦЕНА на АРАНЖМАНОТ : 6.140,00 ден. (99 €) – FIRST MINUTE ЦЕНА (за целосна уплата до 20.02.2022)!

                                              8.000,00 ден. (129 €) – редовна цена

ДОПЛАТА за 1/1 соба : 1.120,00 ден.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз (високоподен, со аудио-видео опрема) на горенаведената релација; 3 НП во Прага, во хотел со 3*; разглед на Прага со стручен водич; разглед на Виена со стручен водич; ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово; организација, водство и реализација на аранжманот;

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културно – историските споменици; патничкото осигурување (180,00 ден. по лице); индивидуални трошоци и други неспомнати трошоци; ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Карлови Вари – 25 € по лице (автобус+водич); Крстарење по Влтава - 20 € по лице; Свечената вечера во Национален ресторан со програма и мени - 40 € по лице; туристичка такса - 2 ЕУР по лице на ден (се плаќа ма рецепција); За сите факултативни излети, минималниот број на патници за остварување на истите е 25.

ПОТРЕБНА COVID-19 ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ВЛЕЗ во ЕУ :

-          ЕВРОПСКИ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА (минимум 2 дози од следните производители) : ASTRAZENECA, COVID SHIELD, JANSSEN, MODERNA & PFISER-BionTech) ИЛИ

-          PCR-тест (не постар од 72 часа) ИЛИ RAPID (брз) антиген тест (не постар од 48 часа)

-          СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 180 дена од денот на влегување во ЕУ)

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. Важноста на патните исправи при влез во ЕУ треба да биде минимум 180 дена (6 месеци). Застанувањата (паузите) за време на патувањето се предвидени на секои 3-4 часа патување, на попатни рест-ареи, а во зависност од капацитетот на попатните стојалишта и условите на патот. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови


назад до:"ПАТУВАЊА ВО МАРТ- АВТОБУС"

Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе