За нас


Друштво за туризам угостителство транспорт и услуги ТУРИСТ БИРО - ПОЛЕТ ДООЕЛ увоз-извоз Струга

ТУРИСТ БИРО - ПОЛЕТ увоз-извоз Струга

ул: 15 ти Корпус бб  6330 Струга

Тел: ++ 389 46 780 124

E-mail: poletturist@t-home.mk

 

Туристичката агенција ПОЛЕТ  постои од 1992 г. и е една од водечките туристички агенции во регионот благодарение на својот висок бизнис стандард и одлична услуга. Ги следи современите туристички текови и секогаш е подготвена да ги понуди своите туристички услуги. Со своето постоење и искуство во работата од области на туризмот, со висока професионалност и квалитетна понуда ја стекна довербата на голем број клиенти.

Како етаблирана туристичка агенција ПОЛЕТ  е организирана и работи во неколку сектори на туристичкото работење:

          - Организација и продажба на туристички аранжмани, хотелски резервации и туристички услуги во земјата и странство;

          - ОТКРИЈТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА ! - организација и продажба на Incoming аранжмани за Струга, Охрид и цела Мaкедонија, приватно сместување, хотелско сместување, екскурзии со лиценцирани туристички водичи, cultural tours, biking, hiking, ресторани;

          - Организација и продажба на индивидуални туристички аранжмани;

          - Резервации и продажба на авиобилети;

          - Организација и водство на научни ученички екскурзии во Македонија и странство;

          - Организација на туристички превоз и трансфери и RENT A CAR услуги.

И најзначајните тур-оператори ја одбрале ПОЛЕТ како партнер и во заедничка соработка се продадени голем број пакет аранжмани и други деловни услуги.

Нашата постојана насока е промоција на Македонија како одредена дестинација со единствена понуда, традиција и култура.

Нашето мото е `` НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС`` и се трудиме за ефективно постигнување на целта - зголемување на бројот на задоволни патници, зголемување на степенот на задоволување на барањата на корисниците и континуирано унапредување на квалитетот, посветена работа, сигурни деловни односи со клиентите, личен пристап кон патниците. Ние се грижиме за убавата страна на Вашиот живот.

 

ВАШ ПОЛЕТ ТИМ,


Новости

12.05.2017

НАЈУБАВИ ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА


Топ 10 најубави плажи на Ситонија, вториот крак на Халкидики, кои ќе ви станат едни од омилените.

повеќе

05.11.2016

КАКО ПАТУВАЊАТА НЕ ПРАВАТ ПОДОБРИ ЛИЧНОСТИ ?


Патувањата секој ги доживува на различен начин, но со сигурност на сите ни влијаат и повеќе од одлично.

повеќе

12.05.2016

10 дена на море прават чудо за вашето тело и душа


Што точно ви носи летувањето на море?

повеќе